• недела, 22 декември 2024

СВР Скопје: Во рамки на засилени мерки за безбеден град легитимирани 87 лица, тројца лишени поради недозволено поседување оружје

СВР Скопје: Во рамки на засилени мерки за безбеден град легитимирани 87 лица, тројца лишени поради недозволено поседување оружје

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден и денеска полициски службеници од СВР Скопје преземале засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што легитимирани се 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила.

-Лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик и три лица поради недозволено поседување на  оружје. Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 и 378. Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР, исто така, информираат дека засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан