• петок, 05 декември 2025

СВР Куманово лиши од слобода двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

СВР Куманово лиши од слобода двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Куманово, 27 октомври 2025 (МИА) - Кумановската полиција лиши од слобода двајца фудбалери на клубот „Беса“ од липковско Слупчане, бидејќи физички нападнале играчи од гостинскиот клуб „Аеродром“ од Скопје, соопшти денеска СВР Куманово.

- Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. ам/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан