Свлечиште во Кина затрупа речиси 50 луѓе
- Во моментов не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето во планинската кинеска провинција.

Пекинг, 22 јануари 2024 (МИА) - Свлечиште во планинската провинција Јунан во југозападна Кина утрово затрупа 47 луѓе и принуди евакуација на уште 200.
Во потрагата се вклучени над 200 спасувачи со десетици парчиња опрема.
Во моментов не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето во планинската кинеска провинција. Регионот е погоден и од студен бран, а температурите се спуштаат дури и под нулата.
Лизгање на земјиштето често се случува во планинскиот југозапад на Кина, особено по врнежите. мс/
фото: МИА архива