• понеделник, 23 декември 2024

Свечља: Последната рација во северно Косово покажува дека имаме работа со добро организирани терористи

Свечља: Последната рација во северно Косово покажува дека имаме работа со добро организирани терористи

Приштина, 16 октомври 2023 (МИА) – Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека оружјето што неодамна беше конфискувано при рација во неколку локации во косовскиот север уште еднаш го покажува нивото на подготовки за напади и ескалација од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на платформата Х, покрај нови фотографии од запленетите мини и електрични детонатори, Свечља напиша дека тие се уште еден доказ дека Косово има работа со добро организирани терористички групи.

- Вооружувањето запленето на северот на Косово дава јасни сигнали за нивото на подготовките за напади и ескалација од страна на Србија. Овие мини и софистицирани уреди се уште еден доказ за тоа. Дали се потребни други докази дека имаме работа со добро организирани терористички групи, напиша Свечља.

Во саботата беше извршена полициска рација на седум локации во Северна Митровица, Лепосавиќ и Бањска, на северот на Косово, при што беа пронајдени рачни минофрлачи, експлозиви, противпешадиски мини, електрични и механички детонатори, часовник за активирање и друга опрема.иа/сд/

Остани поврзан