Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство
- Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал. На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.

Ал Хор, 20 ноември 2022 (МИА) – Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал. На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.
Во првиот и единствен денешен натпревар од 17 часот ќе се сретнат, домашната репрезентација на Катар и селекцијата на Еквадор.
Состав на групите:
А-група: Катар, Еквадор, Сенагал и Холандија.
Б-група: Англија, САД, Иран и Велс.
Ц-група: Полска, Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.
Д-група: Франција, Данска, Тунис и Австралија.
Е-група: Германија, Шпанија, Костарика и Јапонија.
Ф-група: Хрватска, Белгија, Канада и Мароко.
Г-група: Швајцарија, Србија, Бразил и Камерун.
Х-група: Португалија, Уругвај, Гана и Јужна Кореја.
Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето.
Мундијалот во Катар е прв во историјата кој ќе се игра во зима. Ќе трае до 18 декември, прв што некогаш се одржал во арапскиот свет и прв во земја со мнозинско муслиманско население, како и второ Светско првенство кое целосно ќе се одржи во Азија.
Трофејот од минатиот Светски шампионат одржан во Русија 2018 година, го брани репрезентацијата на Франција. зс/

