• петок, 05 декември 2025

Свеченото затворање на ЗОИ2026 во Верона

Свеченото затворање на ЗОИ2026 во Верона

 

Рим, 7 ноември 2025 (МИА) – Организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ), кои ќе се одржат од 6 до 22 февруари идната година во Милано и Кортина д’Ампецо, објавија дека церемонијата на свеченото затворање ќе се одржи во античкиот римски амфитеатар во Верона.

За прв пат во олимписката историја, церемонијата ќе се одржи во место на светското наследство: Арена ди Верона.

„Овој настан ќе ги спои спортот, уметноста и културата во прослава на убавината на Италија“, рече претседателот на Организацискиот комитет на ЗОИ 2026, Џовани Малаго,

Арената во Верона редовно е домаќин на музички концерти.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан