• понеделник, 23 декември 2024

Свечена изјава на новата членка на Советот на јавни обвинители Зорица Павловиќ

Свечена изјава на новата членка на Советот на јавни обвинители Зорица Павловиќ

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Зорица Павловиќ, член на Советот на јавните обвинители денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Павловиќ од Основното јавно обвинителство Скопје во јануари беше избрана за нов член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Нејзина конкуренција беа јавната обвинителка Јасмина Здравевска Костеска од Основното јавно обвинителство Скопје и јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Од вкупно излезени 84 гласачи, кандидатот број еден, јавната обвинителка Јасмина Здравеска Костеска, од Основно јавно обвинителство Скопје доби  32 гласа, кандидатот број два, јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од ОЈО ГОКК Скопје доби 7 гласа и кандидатот број три, јавната обвинителка Зорица Павловиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје доби 44 гласа. Едно ливче било неважечко, објави тогаш Комисијата која ги спроведуваше изборите во ВЈО Скопје во записникот од спроведеното гласање. фф/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан