• понеделник, 23 декември 2024

Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството

Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ денеска организира Свечена академија по повод Меѓународната недела на сестринството. 

Унијата на здруженија ја сочинуваат над 6 000 членови, а настанот се одржува шеста година по ред. Традиционално, ќе бидат доделени признанија за најхумани медицински сестри избрани од институциите во кои работат. 

На Свечената академија ќе се обрати Злате Мехмедовиќ, координатор на Надзорниот одбор за реформи во примарната здравствената грижа како и координатор за процесот на дигитализација во здравството при министерството за здравство и национален фокал поинт за примарна здравствена заштита на СЗО.

Промовирана ќе биде и книгата „Неповторлиовиот противник“. мч/са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан