Светски познатата активистка за правата на животните, Џејн Гудал почина на 91 година
- Се истакна како пионерка во проучувањето на однесувањето на приматите, оставајќи неизбришлив белег во модерната биологија и приматологија.
Лос Анџелес, 2 октомври 2025 (МИА) - Џејн Гудал, светски познат научник и активистка за правата на животните, почина на 91-годишна возраст. Според известувањето на Институтот „Џејн Гудал“ којшто таа го основа, Гудал почина од природна смрт.
„Откритијата на д-р Гудал во областа на етологијата го револуционизираа научниот свет. Таа беше неуморна во својата посветеност на зачувувањето и обновувањето на природната средина. Ќе биде запаметена како посветена активистка за права на животните. Таа ја претвори својата љубов кон дивите животни во доживотна мисија што ја однесе од англиските крајбрежни села, низ африканските шуми, до светските подиуми - борејќи се за подобро разбирање на шимпанзата и поширока свест за улогата на луѓето во заштитата на планетата“, се вели во соопштението.
Уште во 1960-тите, Гудал се истакна како пионерка во проучувањето на однесувањето на приматите, оставајќи неизбришлив белег во модерната биологија и приматологија.
Таа соработуваше и со „Нејшнал џиографик сосајети“ (National Geographic Society), благодарение на што го доближи светот на шимпанзата и африканскиот див свет до пошироката јавност. За нејзиниот придонес во науката и зачувувањето на природата, таа беше наградена со титулата Дама на Обединетото Кралство во 2003 година, а во 2025 година го доби и Претседателскиот медал за слобода во Соединетите Американски Држави. си/ссм
Фото: МИА архива