• четврток, 25 јули 2024

Светскиот суд ќе одлучи за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа

Светскиот суд ќе одлучи за барањето за запирање на израелската офанзива врз Рафа

Хаг, 24 мај 2024 (МИА) - Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвиет за геноцид.

Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека израелските напади врз јужниот град Газа „мора да престанат“ за да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, се конечни и обврзувачки, но во минатото биле игнорирани. Судот нема извршни овластувања.

Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид како неосновани. Пред судот тврдат дека операциите во Газа биле самоодбрана и дека се насочени кон милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел на 7 октомври лани. зш/

Остани поврзан