• понеделник, 23 декември 2024

Светозар Јаневски одликуван со орденот Витез од редот на Легијата на честа на Француската Република

Светозар Јаневски одликуван со орденот Витез од редот на Легијата на честа на Француската Република
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - На истакнатиот македонски стопанственик Светозар Јаневски за неговиот исклучителен професионален ангажман, социјална одговорност, визионерство, но и за влогот во француско-македонското пријателство денеска во француската резиденција му е врачен орденот Витез од Редот на Легијата на честа, највисоко одликување на Француската Република. Францускиот амбасадот Сирил Бомгартнер на свеченоста во присуство на најблиските, пријатели и соработници истакна дека да се биде одликуван со Легијата на честа е навистина голема и ретка чест, бидејќи Јаневски е трета личност од земјава која го добива ова признание и прва во областа на економија. Тој при тоа ги издвои клучните етапи од неговата кариера - влезот во „Скопска пивара“ и нејзината  приватизација и трансформација во модерна компанија, откупувањето на најголемата винарија во земјата заедно со партнерите во Групацијата М6 - Тиквеш која од состојба пред банкрот денес го има приматот по производство во земјава и е бренд со пласман во регионот и пошироко. Исто така го спомена и купувањето на францускиот посед Шато де Гурдон во 2018 со чии две вина во 2020 и 2021 година освои двоен златен медал во конкуреннција со речиси 300 странски вина на престижниот меѓународен саем Mundus Vini во Германија. -Грижата за квалитет, стремежот кон извонредност се доминантни карактерни особини кои ги објаснуваат сите важи квалитети како професионални така и човечки. Вие сте неуморен работник голем професионалец, трпелив и истраен. Но, вие сте и визонер. Грижата за квалитет што ја поседувате всушност ја надминува строгата рамка на вашите претприемачки активности и сведочи за прогресивната визија за општетството. За вас подигањето на квалитетот значи промовирање на модерен и ефикасен економски модел, кој обезбедува независност и развој, особено во областа на земјоделството. Тоа е всушност начин за подобрување на животниот стандард и како што и самите велите борбата против сиромаштијата, рече амбасадорот Бомгартнер по повод додлеувањето на орденот. Легијата на честа е француски орден, со кој што се одликуваат личности надвор од Франција, кои покрај нивните заслуги потребно е да имаат доволна поврзаност со Франција, а таа поврзаност во случајот со Јаневски, додаде тој, е разновидна и се изразува пред се во областа на виното. -Кога одлучивте да го подобрите асортиманот на Тиквеш го повикувате францускиот енолог Филип Камби, кој ќе го пренесе своето знаење дури и повеќе од тоа, ќе обучи цела нова генерација македонски енолози, вклучително и Марко Стојаковиќ, кој денес е главен енолог на имотот. Благодарение на вас, поодбрувањето на палетата македонски вина е и резултат на соработката меѓу нашите две земји. Потоа го купивте имотот Шато де Гурдон. Оваа инвестиција не само што ќе биде корисна на економски план и за локалниот развој во Прованса, туку ќе придонесе и за едно значајно движење воп Долината на Рона и општо земено за сите француски вина... Вашите напори беа интензивни, но покрај меѓународните награди кои ги добивавте за тоа тие направија вашето производство да стане симбол на пријателството и политичкото приближување на нашите две земји, истакна амбасадорот Бомгартнер. Јаневски заблагодарувајќи се истакна дека добивањето на орденот за него претставува голема привилегија и исклучителна чест да се биде помеѓу избраните поединци кои се добитници на ова високо одличје. -Горд сум што можам да кажам дека припаѓам на оние што градат мостови на сорабтка помеѓу земјите, барајќи го она што не поврзува, што отвора перспектива за поубав и посреќен живот, што создава дополнителна вредност, одржлив развој и благосостојба, рече Јаневски кој е и почесен конзул на Република Финска во земјава. Како претприемач и инвеститор имам чувство, потенцира Јаневски, „дека една од работите кои ги поврзува Македонија и Франција е виното, едната по долгата винска традиција, а другата по производство на најпознатите вина во светот која ги поставува стандардите за врвно вино“. -Така започна она што за некои беше само авантура, за мене и за моите соработници е долгорочна мисија  на поврзување на две земји, две култури, две економи и две нации. Посакувам овој орден да биде патоказ и дополнителен мотив особено за младите да ги охрабри да размислуваат и да работат на идеи и проекти кои ќе креираат уште посилни врски меѓу нашите две земји, порача Јаневски.

Орденот Витез од Редот на Легијата на честа, е највисоко одликување на Француската Република  и се доделува од името на Претседателот на Француската Република. вг/дма/

Остани поврзан