• вторник, 16 јули 2024

„Свеж одмор“ - нов тренд во годишните патувања

„Свеж одмор“ - нов тренд во годишните патувања

Имео, 12 јyли 2024 (МИА) - Во светот има нов тренд на патувања којшто во англоамериканскиот „сленг“ се нарекува „Coolcation“... Во слободен превод на македонски, тоа би звучело како „свеж одмор“, бидејќи се однесува на туристите кои бараат - постудена клима за својот годишен одмор.

Со високите летни температури деновиве, сѐ повеќе луѓе, на пр. - од Средна и Јужна Европа патуваат во Холандија, Скандинавија итн. Во таа смисла, порталот „Евроњуз Србија“ го издвојува градот Имео во Шведска. Со своите 17 Целзиусови степени во јули, мирната и тивка атмосфера и отсуството на сообраќаен метеж, Имео сѐ повеќе се истакнува како многу посакувано туристичко место, а посетителите пристигнуваат во сѐ поголем број.

Во тој контекст, Шведска, исто така, забележа раст на купувачи на домови од други држави, низ целата земја, којашто инаку има околу 10,5 милиони жители.

Климатските промени се уште една значајна причина за ова. Секако, климата не е единствената приказна зад експанзијата на скандинавскиот туризам. Стабилноста на валутите во Норвешка и Шведска, исто така, ги прави тие земји привлечни за странците. Ова подрачје има корист и здравствените, безбедносните, политичките и други предуслови за живот.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан