• понеделник, 23 декември 2024

Сафади: Арапските трупи нема да одат за Појасот Газа, за тоа се согласни сите арапски земји

Сафади: Арапските трупи нема да одат за Појасот Газа, за тоа се согласни сите арапски земји

Манама, 18 ноември 2023 (МИА) – Шефот на јорданската дипломатија, Ајман Сафади, денеска, а на безбедносниот самит во главниот град на Бахреин, Манама, изјави дека арапските трупи нема да одат во Појасот Газа и дека сите арапски земји се согласуваат за тоа.

Тој додаде дека вербата во мировните преговори и меѓународното право е изгубена поради одбивањето на Западот, како што наведе, да го „потсмири“ Израел.

Сафади кажа дека меѓународната заедница, без исклучок, ќе наметнеше санкции за која било друга земја доколку го направеше истото што Израел го прави сега во Појасот Газа и поради тоа се смета дека Израел е над меѓународното право.

Гардијан јави дека на собирот, јорданскиот министер се судрил со американскиот пратеник за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, изјавувајќи дека прекинот на војната меѓу Израел и Хамас не треба да се условува со ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група.

Мекгурк кажа Хамас има одговорност да ги ослободи заложниците со цел да се зголеми хуманитарната помош за Појасот Газа и да се направи пауза во борбите.

На состанокот во Манама, арапските земји изразија бес поради одбивањето на Израел да преговара за решение со две држави.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на собирот кажа дека верува оти Израел може да се соочи со обвиненија пред Меѓународниот кривичен суд, повторувајќи го ставот дека еден чин на насилство не може да оправда друг. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан