• понеделник, 22 јули 2024

Саутемптон е единаесеттиот тим со освоени 1.000 бодови во Премиер лигата

Саутемптон е единаесеттиот тим со освоени 1.000 бодови во Премиер лигата
Лондон, 8 декември 2020 (МИА) - Саутемптон го победи Брајтон вчеравечер со 2:1 на гостувањето во 11. коло од англискиот фудбалски шампионат. „Светците“ станаа 11-от тим кој има собрано над 1.000 бода во Премиер лигата во нивната историја. На оваа листа се и Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Астон Вила, Тотенхем, Евертон, Манчестер сити, Њукасл и Вест Хем. Оваа сезона, Саутемптон е петти во Премиер лигата со 20 бода. зс/

Остани поврзан