• среда, 06 ноември 2024

Саудискиот принц го хакирал Џеф Безос

Саудискиот принц го хакирал Џеф Безос
Лондон, 22 јануари 2020 (МИА) - Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос, бил цел на хакери, пет месеци пред убиството во 2018 година на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Според „Гардијан“, телефонот на Безос бил хакиран откако добил порака преку „WhatsApp“, испратена од личниот број на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Според резултатите од форензичката анализа, пораката била шифрирана и содржела заразени податоци. Безос, кој е и сопственик на „Вашингтон пост“, до 1 мај 2018 година разменувал пријателска преписка, сè додека на телефонот не му стигнала датотека што не ја побарал од саудискиот принц, дознава „Гардијан“. Од телефонот на Безос за неколку часа била преземени голема количина на податоци, но не се знае какви податоци биле преземени. Новите информации можат да доведат до повторно отворање на истрага за активностите на Мухамед бин Салман и неговите блиски соработници пред убиството на Џамал Кашоги, кој беше новинар во „Вашингтон Пост“. јт/  

Остани поврзан