• петок, 22 ноември 2024

Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон на Охридското Езеро

Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон на Охридското Езеро

Охрид, 2 август 2024 (МИА) – Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб „Скопје“ и Петар Цеков од Пливачкиот клуб „Вардар“ се победници на главната трка на годинешниот традиционален Илинденски маратон што по 45-ти пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Тие во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и од странство први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата Горица 1 до Кејот на езерото во Охрид.

Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид. 

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. аб/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан