• вторник, 16 јули 2024

Санчез: Шпанија ја делат 100 дена од колективниот имунитет

Санчез: Шпанија ја делат 100 дена од колективниот имунитет
Мадрид, 10 мај 2021 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави денеска дека Шпанија е на 100 дена од стекнување колективен имунитет. За време на неговата официјална посета на Грција, тој рече дека 70 проценти од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август, што е доволно за да се добие колективен имунитет, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис“. Досега во Шпанија се дадени 19 милиони дози вакцина, односно 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле втората доза. Исто така, во април се вакцинирани повеќе граѓани отколку во првите три месеци од оваа година, а според статистичките податоци, една доза на вакцината се дава на секои две минути. - Почнуваме да ја надминуваме оваа катастрофа, рече Санчез. паг/

Остани поврзан