• вторник, 17 декември 2024

Санкционирани 71 возач поради недавање предност на пешаци

Санкционирани 71 возач поради недавање предност на пешаци
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Во акциска контрола на полицијата денеска во Скопје санкционирани се 71 возач поради недавање предност на минување на пешаци. Акцијата, како што вечерва соопшти Министерството за внатрешни работи, е спроведена во периодот од 15 до 20 часот. - На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, велат од МВР.Од МВР апелираат и до возачите и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. бак/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан