• петок, 05 јули 2024

Санкционирани 32 возачи на мотоцикли, 13 без заштитна кацига

Санкционирани 32 возачи на мотоцикли, 13 без заштитна кацига

Скопје, 15 септември 2023 ( МИА) -  Спроведена е акциска контрола вчера на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 32 возачи.

Од нив, како што соопштија денеска од МВР, тринаесет возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, а за време на контролата, санкционирани се и други видови  сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР. љм/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан