Санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, од 20 до 26 јануари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, од 20 до 26 јануари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, е наведува во оопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар. дма/са/
Фото:ЈП Паркинзи на Општина Центар