Сане: Среќен сум што станав дел од Галатасарај
- Досегашниот фудбалер на Баерн Минхен, Лерој Сане ги сподели емоциите по трансферот во Галатасарај.
Истанбул, 12 јуни 2025 (МИА) – Досегашниот фудбалер на Баерн Минхен, Лерој Сане ги сподели емоциите по трансферот во Галатасарај.
-Јас сум неверојатно среќен. Не можам да ја опишам мојата среќа. Ги слушам навивачите, а сега е сосема поинакво чувство. Сум играл овде и порано. Имаше неверојатна атмосфера, неверојатна средина. Многу сум среќен што сега ќе бидат зад мене, што ќе играм пред навивачите на Галатасарај.
Дваесет и деветгодишниот Германец ќе се пресели во Галатасарај како слободен играч.
Клубот од Истанбул вчера го најави своето најново засилување. зс/
Фото: Галатасарај ФБ