• четврток, 04 декември 2025

Сандерленд заинтересиран за Грузиецот Микаутадзе

Сандерленд заинтересиран за Грузиецот Микаутадзе


Лион, 1 јули 2025 (МИА) – Повратникот во Премиерлигата Сандерленд е заинтересиран да го донесе во своите редови напаѓачот на Лион, Жорж Микаутадзе.
Според „Фут Меркато“, можноста за трансфер на 24-годишниот Грузиец по исфрлањето на Лион во втората француска лига, ја разгледува и бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.
Во сезоната 2024/25, Микаутадзе постигна 17 голови и додаде 11 асистенции на 47 натпревари за Лион во сите конкуренции. Неговиот договор со Лион е со важност до 30 јуни 2028 година.
Вредноста на грузискиот репрезентативецот на трансфер пазарот се проценува на 22 милиони евра. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан