Само бод за Манчестер сити на гостувањето кај Вест Хем
- Вест Хем ремизираше 1:1 со Манчестер сити синоќа во Лондон во натпревар од 30. коло од англиската Премиер лига.
Лондон, 15 март 2026 (МИА) – Вест Хем ремизираше 1:1 со Манчестер сити синоќа во Лондон во натпревар од 30. коло од англиската Премиер лига.
Константинос Мавропанос постигна гол за домаќините во 35. минута, за Сити погоди Бернардо Силва постигна гол за гостите во 31. минута.
Вест Хем е непоразен во три последователни натпревари. Тие се искачија од 18. на 17. место на табелата во англиската Премиер лига (29 бода по 30 натпревари).
Манчестер сити има 61 бод на второто место. „Граѓаните“ заостануваат девет бода зад Арсенал, но имаат и натпревар помалку. зс/
Фото: ЕПА