• понеделник, 23 декември 2024

Самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски-Чауш во МАНУ

Самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски-Чауш во МАНУ
Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - Во Ликовниот салон на МАНУ вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски -Чауш. На изложбата ќе бидат преставени 60 дела - скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали како бронза, дрво, алуминиум, мермер, што авторот ги работел во изминатите 50 години, вклучително и дела што се изработени во последните неколку години и досега не се изложувани. Изложбата ќе ја отвори академик Васко Ташковски. Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја разгледаат до крајот на март, влезот е бесплатен. оџ/сп/      

Остани поврзан