• недела, 22 декември 2024

Сали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство

Сали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“, денеска изјави дека нема информации за наводен план на ДУИ за дестабилизација, како и со какви информации располага премиерот Христијан Мицкоски.

Тој беше прашан дали како коалиција „Вреди“ ќе се побараат тие информации.

- Значи, немам информации за каква дестабилизација и со какви информации располага премиерот. Доколку има информации, има Јавно обвинителство, како што ние денеска се обраќаме, така што, сметам дека институцијата е зад нас да сподели информации, одговори Сали на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски на вчерашната прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, рече дека располагаат со информации, „добиени од повеќе канали, дека раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминативе 20-22 години, ќе презема чекори во насока на дестабилизирање на државата“.

- Ние како Влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритет, како и мирот на граѓаните. Тоа практично е и целта на една држава. Очекуваме тоа да се случи оваа есен, врз основа на тие информации што ги имаме, но, да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или информациите нема да бидат точни, додаде Мицкоски.

Пратеникот на „Вреди“, Сали на прес-конференција попладнево пак информираше дека бараат од Јавното обвинителство да реагира по допрен глас за основано сомнение за „сторена политичка корупција во режија на кадрите на ДУИ во „Лотарија“.“ бд/аа/

Фото и видео: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан