Салиу:Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште
- Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“, стои во соопштението од ДСР што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 17 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“, стои во соопштението од ДСР што МИА го пренесува интегрално.
-Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе, порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со квалитетни услови за учење.
Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.
-Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација, порачува Салиу.
Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.“.
ДСР
Фото:ДСР