• сабота, 11 мај 2024

Салах: Египет ќе го освои африканскиот Куп на нации

Салах: Египет ќе го освои африканскиот Куп на нации

 

Каиро, 2 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул и египетски репрезентативец, Мохамед Салах, изјави денеска оти посакува да ја освои титулата на претстојниот африканскиот Куп на нации.

„Посакувам да го освојам тоа натпреварување. Сакам да играм за својата земја. Имаме фантастични фудбалери“, рече Салах.

Египетскиот фудбалер настапи изминатата вечер за Ливерпул во победата од 4-2 над Њукасл во Премиер лигата, постигнувајќи притоа два гола.

„Веруваме многу во себе. Имаме исклучително талентирани фудбалери. Неопходно е само да работат квалитетно и сигурен сум дека можеме многу да постигнеме“, порача Салах, најавувајќи дека наскоро ќе ѝ се приклучи на репрезентацијата на Египет во подготовките за африканскиот Куп на нации.

Египет е во групата Б со селекциите на Гана, Мозамбик и Зеленортските острови на африканскиот Куп на нации, чиј домаќин од 13 јануари до 11 февруари ќе биде Брегот на Слонова коска. ег/
ФОТО: Икс

Остани поврзан