• недела, 19 април 2026

Сакура фестивал - културно - едукативен настан инспириран од јапонската традиција во Аеродром

Сакура фестивал - културно - едукативен настан инспириран од јапонската традиција во Аеродром

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Во паркот „Авионче“ во скопски Аеродром денеска ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до граѓаните. 

Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на интернационални култури.

Програмата на фестивалот опфаќа музички дел со настап на DJ Filip Popovski, едукативна работилница „Играме И-ГО“ со професор Јошио Којама, насочена кон промоција на стратегиското размислување преку традиционалната јапонска игра, како и презентација на јапонски боречки вештини, со акцент на дисциплина, техника и културно наследство.

Sakura Festival има за цел да поттикне културна размена, едукација и социјална интеракција, притоа создавајќи уникатно искуство инспирирано од симболиката на сакура – цвет кој во јапонската култура претставува убавина, обновување и хармонија.

Настанот, кој е поддржан од Општина Аеродром, е отворен за јавноста и се очекува да придонесе кон збогатување на културната понуда во градот, како и кон зајакнување на интересот за интернационални културни содржини, се наведува во соопштението за настанот. ев/вј/

ФОТО: Плакат

Остани поврзан