• вторник, 24 декември 2024

Саксофонистот Григори Ангелов ќе се натпреварува на Европски музички натпревар во Солун

Саксофонистот Григори Ангелов ќе се натпреварува на Европски музички натпревар во Солун
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Саксофонистот Григори Ангелов ќе се натпреварува на Европскиот  Лајонс натпревар Томас Кути. Музичкиот натпревар ќе се оддржи во рамките на Лајонс Европа Форум 2021 во Солун, Грција од 7 до 9 октомври. Европскиот  Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките  на Европскиот Лајонс форум со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 25 години и секоја земја предлага еден претставник. Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по инструментот саксофон. Натпреварот ќе се реализира на Солунскиот Државен Универзитет и завршниот концерт ќе се реализира во Концертната сала на Солун. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори по саксофон. - Нашиот млад саксофонистот Григори Ангелов е од класата на професорот Владимир Трајановски. Тој е добитник на значајни награди за млади музичари во Македонија и Србија и посетувал бројни мастер класови кај познати професори од Германија, Словенија, Хрватска, Грција и Србија, вели националниот координатор на музичкиот натпревар Пламенка Трајковска. Неговото натпреварување е поддржано од македонскиот Лајонс Дистрикт 132 и Гувернерот Весна Пацановска. Благороден спонзор на македонскиот претставник е претходен  Гувернер на Дистрикт Елизабета Србиновска- Костовска. ир/сп/

Остани поврзан