• сабота, 18 мај 2024

Сакраменто повтори рекорд во НБА

Сакраменто повтори рекорд во НБА

Сакраменто, 24 јануари 2023 (МИА) – Екипата на Сакраменто кингс постигна 12 тројки во првата четвртина на натпреварот против Мемфис одигран рано утрово во „Голден 1 Центар“.

Кралевите го израмнија рекордот во лигата по бројот на прецизни удари од зад лакот во една четвртина, кој претходно го држеа Феникс и Портланд.

Сакраменто постави и клупски рекорд за тројки во една четвртина и постигна најмногу поени во првата четвртина во сезоната 2022/23 (47).

Натпреварот заврши со победа на домаќините 133:100. Гостите од Мемфис во последната четвртина постигнаа само 10 поени. зс/

Остани поврзан