• среда, 21 мај 2025

Сака останува во Арсенал

Сака останува во Арсенал

Лондон, 28 април 2025 (МИА) - Букајо Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал во следните неколку дена.

Најголемата ѕвезда на лондонскиот тим се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот.

Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали.

Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“.

Оваа сезона, тој има можност да го одведе Арсенал до финалето на Лигата на шампионите за прв пат од 2006 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан