• сабота, 21 декември 2024

Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет - Скопје

Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет - Скопје

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Саем за пракса и вработување денеска и утре ќе се одржи на Машински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на кој ќе учествуваат 20 компании.

За денеска напладне е најавено свеченото отворање на саемот на кое ќе говорат деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Златко Петрески, проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ,  и проф. д-р Радмил Поленаковиќ, раководител на Центарот за кариера на Машинскиот факултет од Скопје.

На вториот ден на саемот ќе се одржи Форум на тема „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“, на кој ќе говорат Боријан Борозанов, генерален директор на „Џонсон Мети“, Веле Самак, директор за приходи во „Микросам“, Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори и извршен директор на ИКТ-комората, проф. д-р Валентина Гечевска, проректор на УКИМ, и проф. д-р Сања Поповска-Василевска, потпретседател на Македонската асоцијација за сончева енергија „Солар Македонија“, како и претставници од секторите за човечки ресурси на компаниите присутни на Саемот.вј/хс/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан