САД ќе формираат Форум на производители на „нулта“ емисии на штетни гасови
- Американското Министерство за енергетика соопшти денеска дека ќе се обиде да создаде Форум на производители на „нулта“ емисии на штетни гасови. Целта на Форумот е да се постигнат нето-нулта е

Вашингтон, 23 април 2021 (МИА) - Американското Министерство за енергетика соопшти денеска дека ќе се обиде да создаде Форум на производители на „нулта“ емисии на штетни гасови. Целта на Форумот е да се постигнат нето-нулта емисии на штетни гасови во светски размери преку „развој на долгорочни стратегии“.
Канада, Норвешка, Катар и Саудиска Арабија ќе им се придружат на САД во овие напори. Треба да се напомене дека овие пет земји сочинуваат 40 отсто од целото производство на нафта и гас во светот.
Форумот ќе се фокусира на „намалување на метанот, подобрување на циркуларниот пристап кон јаглеродната економија, развој и имплементација на чиста енергија и технологии за складирање на јаглерод, диверзификација при пресметка на приходите од јаглеводороди и други мерки согласно националните услови на секоја држава“, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика на САД. гт/