• вторник, 24 декември 2024

САД: Суд одобри објавување на книгата на Болтон

САД: Суд одобри објавување на книгата на Болтон
Вашингтон, 20 јуни 2020 (МИА) – Сојузен суд во САД денеска донесе одлука дека може да се објави книгата на поранешниот американски советник за безбедност Џон Болтон, и покрај обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја блокира, поради загриженост дека јавноста ќе има пристап до доверливи информации. Одлуката на окружниот судија Ројс Ламберт претставува победа за Болтон во случајот во кој се спротивставија правата од Првиот амандман на американскиот Устав и загриженоста за безбедноста, оценуваат американските медиуми. Пресудата значи дека во изборна година ќе бидат објавени мемоари во кои Болтон не дава позитивна слика за надворешната политика на Трамп во текот на турбулентната година и половина, колку што тој беше советник за национална безбедност. јт/

Остани поврзан