САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море
- - Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Вашингтон, 29 април 2024 (МИА) - Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.
Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.
„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава во соопштението.
Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. ссм/
фото: архива