• петок, 05 декември 2025

САД прогласија група блиска до Мадуро за поддржувач на тероризам

САД прогласија група блиска до Мадуро за поддржувач на тероризам

Вашингтон, 26 јули 2025 (МИА) - САД означија група поврзана со венецуелскиот претседател Николас Мадуро како поддржувач на странски терористички организации.

Станува збор за групата „Картел де лос Солес“, во која, според Вашингтон, членуваат високи венецуелски функционери, меѓу кои и самиот Мадуро. Американската влада ги поврзува овие структури со криминалната банда „Трен де Арагуа“ и мексиканскиот наркокартел „Синалоа“, обете веќе класифицирани како странски терористички организации.

Во 2020 година, американските власти веќе поднесоа обвиненија против Мадуро и негови соработници за шверц на дрога.

Министерството за комуникации на Венецуела сè уште не дало официјален одговор на најновата класификација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан