САД повторно ги ставија Хутите на листата на терористички организации
- Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повторно ги прогласи јеменските Хути за терористичка организација, делумно враќајќи ги санкциите што ги укина пред три години.

Вашингтон, 17 јануари 2024 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повторно ги прогласи јеменските Хути за терористичка организација, делумно враќајќи ги санкциите што ги укина пред три години.
Хутите поддржани од Иран напаѓаат трговски и воени бродови во Црвеното Море поради војната која Израел ја води во Појасот Газа. ссм/
фото: архива