• недела, 22 декември 2024

САД и Кина најуспешни нации на ОИ во Париз

САД и Кина најуспешни нации на ОИ во Париз

 

Париз, 11 август 2024 (МИА) - Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз кои вечерва свечено ќе бидат затворени.

Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава.

Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо.

Топ 5 најуспешни нации на Игрите во Париз:

                   Злато сребро бронза вкупно

САД             40         44      42      126

Кина            40          27     24       91

Јапонија       20         12      13      45

Австралија   18         19      16      53

Франција     16         26       22       64. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан