• недела, 22 декември 2024

САД и источно-европските земји: Манипулацијата со исторските настани околу Втората светска војна е фалсификување на историјата

САД и источно-европските земји: Манипулацијата со исторските настани околу Втората светска војна е фалсификување на историјата
Вашингтон, 7 мај 2020 (МИА)  - Американскиот државен секретар и министрите за надворешни работи на Бугарија, Чешката Република, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка настапија со заедничка изјава по повод 75 - годишнината од крајот на Втората светска војна, јавија денеска од Стејт департментот. - Годинава ја одбележуваме 75 - годишнината од крајот на Втората светска војна и им оддаваме почит на жртвите и сите војници кои се бореа да ја победат нацистичка Германија и да стават крај на Холокаустот, се вели во изјавата. Како што пренесува дописникот на МИА од Вашингтон, во изјавата се додава: „Сепак, крајот на војната во мај 1945 година не донесе слобода во цела Европа. Централниот и источните делови на континентот останаа под власт на комунистички режими речиси 50 години. Балтичките земји беа незаконски окупирани и анектирани, а другите земји Советскиот Сојуз ги држеше во железна тупаница со помош на несоодветна воена сила, репресии и идеолошка контрола“. Понатаму стои дека „Европјаните од централниот и источниот дел на континентот со децении ги жртвуваа своите животи за слобода, додека милиони беа лишени од нивните права и основни слободи, подложни на тортура и насилно раселување. Општествата зад Железната завеса очајно трагаа по демократија и независност“. - Собитијата од 1956 година, создавањето на Повелбата-77, движењето Солидарност, Балтичкиот пат, Есента на народите од 1989 година и падот на Берлинскиот ѕид беа важни меќници кои одлучно придонесоа во заживување на слободата и демократијата во Европа, се вели во заедничката изјава. Денес, ние заедно работиме за силна и слободна Европа, каде преовладуваат човечки права, демократија и владеење на законот. Иднината треба да биде базирана на фактите од историјата и жртвите на тоталитарните режими... Манипиулација со историските настани кои водеа кон Втората светска војна и поделбите во Европа веднаш по војната, за жал се напори кон фалсификување на историјата. САД и деветте земји од Источна Европа ја повикуваат меѓународната заедница дека за мир, безбедност и стабилност во светот потребно е да се почитуваат меѓународните права и норми, вклучувајќи ги и суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави. Во изјавата, меѓународната заедница е повикана да учи од лекциите на Втората светска војна и одлучно да ги отфрли идеите за сфери на влијание и да се инсистира на еднаквост на сите суверени нации. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан