• вторник, 09 јули 2024

САД доделуваат нов пакет воена помош за Украина 

САД доделуваат нов пакет воена помош за Украина 

Вашингтон, 21 ноември 2023 (МИА) - САД најавија нов пакет воена помош за Украина за заштита од руските напади во војната што Москва ја води против Киев речиси две години. 

Пакетот помош вклучува оружје и техника во вредност од 100 милиони долари. Киев ќе добие противракетни системи како М142 ХИМАРС и дополнителна патрони за него, артилериски патрони со калибар 155 мм и 105 мм, противтенковски комплекси Џавелин, TOВ и AT-4, како и повеќе од три милиони куршуми за рачно оружје. 

-Од итна важност е Конгресот да донесе мерки за подршка на Украина и да го одобри барањето на претседателот за дополнително финансирање. Со помошта на Украина да се заштити и да ја обезбеди својата иднина на суверена, демократска, независна и просперитетна држава, ние ги унапедуваме интересите и на нашата национална безбедност, се наведува во синоќешното соопштение од Стејт департментот. 

Со тоа, додава Стејт департментот,  може да се спречи многу поголем конфликт во регионот, и да спречи идна агресија.

„Како што изјави претседателот Бајден, кога агресорите не плаќаат (за агресијата) тие предизвикуваат уште поголем хаос, смрт и уривање... Се додека Русија не запре со својата агресија САД и коалиција од повеќе од 50 земји што заедно ја создадовме ќе продолжат со подршката за Украина“, се наведува во соопштението. кб/сд/    

Остани поврзан