• недела, 22 декември 2024

САД во каранти сместија околу 200 лица вратени од Вухан

САД во каранти сместија околу 200 лица вратени од Вухан
Вашингтон, 31 јануари 2020 (МИА) - Околу 200 американски граѓани кои се вратиле од Вухан се сместени во превентивeн карантин во Калифорнија за да се спречи можното ширење на коронавирусoт, соопштија американските здравствени власти. - Се наоѓаме во многу сериозна здравствена ситуација, изјави Ненси Месонер од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). - Ако преземеме строга акција сега, можеби ќе можеме да го намалиме влијанието на вирусот врз САД, објасни таа. Месонер додаде дека ЦДЦ за првпат одредила карантин во повеќе од 50 години. - Се подготвуваме како да е ова случај на следна пандемија, рече таа, истакнувајќи дека ЦДЦ „подбро да биде запамтена за претерана реакција отколку по преслаба реакција“. зш/

Остани поврзан