• сабота, 23 ноември 2024

САД воведуваат санкции за повеќе од 70 компании и организации што ја поддржуваат Русија

САД воведуваат санкции за повеќе од 70 компании и организации што ја поддржуваат Русија

Вашингтон, 19 мај 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска додаде уште 71 компанија и организација на црната трговска листа на САД, поради поддршка на Русија.

Мерките што ги презема Министерството за трговија во Вашингтон се насочени кон компании и организации што ја поддржуваат руската војска. Новите ограничувања се насочени кон 69 деловни организации поврзани со Русија, како и по една од Ерменија и Киргистан.

Се зајакнуваат извозните контроли поврзани со проектите за нафта и гас во Русија и Белорусија, објави американското Министерство за трговија. Мерките се дел од новите санкции наметнати од САД и други земји кон Москва како одговор на нејзината инвазија врз Украина. зш/

Остани поврзан