• сабота, 23 ноември 2024

Садници за сеќавање: 78-годишнина од исчезнувањето на Еврејската заедница на Македонија

Садници за сеќавање: 78-годишнина од исчезнувањето на Еврејската заедница на Македонија
Битола, 10 март 2021 (МИА) - Во чест на одбележување на 78-годишнината од исчезнувањето на Еврејската заедница на Македонија, денеска во 10:30 часот Здружението за одржлив урбан развој АРХАМ од Битола, во соработка со партнери од Израел, ќе посади 11 дрвца во дворовите на деветте детски градинки на Јавната општинска установа за деца „Естреја Овадија-Мара“. - Ние имаме посебна чест садењето да го направиме во оваа детска градинка, која веќе 60 години го негува споменот на младата битолчанка, народниот херој Естреја Овадија-Мара. Прекрасниот работен тим на градинките и нивната директорка госпоѓата Лидија Тфирст-Митреска уште еднаш покажаа спремност за соработка и во услови на пандемија ни помагаат да го реализираме настанот, безбедно и ефикасно, велат од здружението. Настанот во Битола е дел од меѓународната акција да се засади по едно дрвце за секој сограѓанин кој настрадал во огновите на холокаустот. ки/ац/    

Остани поврзан