• понеделник, 23 декември 2024

Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска

Канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Скaдарска

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче и во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола, викедов со свечени богослужби ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, ќе почне во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, каде што вечер во 17 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба.

Утре, во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола, ќе биде отслужена утрена богослужба во 7 часот, а во продолжение, во 9 часот – Света архијерејска литургија, на која ќе биде објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите. 

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, по предлог на Синодската комисијата за канонизирање на светии, донесе  одлука да ја вброи преподобно-маченичката Стефанида Битолска во диптихот на светителите и исповедниците.

Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие. са/аа/

Фото: МПЦ-ОА

 

 

 

Остани поврзан