• недела, 02 март 2025

Се поголемо аерозагадување, а се помалку инспектори за животна средина  

Се поголемо аерозагадување, а се помалку инспектори за животна средина  

Скопје, 2 март 2025 (МИА) – Во услови на големо аерозагадување, особено во зимскиот период, кога Скопје честo пати се наоѓа високо на листата на најзагадени градови во светот, но загаденоста е карактеристика и на останатите градови во земјава, потребен е зголемен инспекциски надзор како од државните инспектори за животна средина, така и од општинските инспектори. Но, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во моментот работи со минимален број инспектори, а од нив дел ќе заминат во пензија. 

  

Освен недостигот на државни инспектори за животна средина, друг проблем е и тоа што повеќе од 50 отсто од општините немаат назначено овластени инспектори за животна средина, иако согласно Законот за инспекциски надзор во животната средина имале законска обврска за назначување до крајот на 2022 година. Од овие причини, во Програмата на Владата во делот за животна средина е поместено дека инспекцискиот систем во животната средина треба да биде единствен само на централно ниво. 

Со последните законски измени од декември лани и јануари годинава, инспекторските служби потпаднаа во рамки на министерствата. Државниот инспекторат за животна средина продолжува да работи како орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, но без сопствен буџет, со што, според стручната јавност се доведува во прашање нивната објективност и независност. 

- По последните две измени на постојниот Закон за инспекциски надзор во декември 2024 и јануари 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина и натаму ќе функционира како орган во состав на Министерството за животна средина и просторно планирање, но без правен субјективитет и буџет од прва линија. Инспекциските служби со предлогот ќе бидат дел од министерствата кои ги донесуваат стратегиите и политиките во областа. Ова, отвора во стручната јавност и во јавноста воопшто, прашања за нивната објективност и независност при вршењето инспекциски надзори. Инспекциските служби, меѓу другото, вршат контрола на издадените управни акти од министерствата, укажуваат од Државниот инспекторат за животна средина.  

Неизвесно е, велат оттаму, како и дали ваквите реформи ќе донесат резултати, со оглед на тоа што се намалува и така минималниот број на инспектори. Во текот на 2026 година ќе заминат во пензија уште тројца државни инспектори за животна средина, а најава за прием на нови се уште нема. Според нив, со укинувањето на Инспекцискиот совет нејасен е статусот на дел од претходните реформи, како на пример платформата Е-инспектор. 

Во морињата и океаните сме фрлиле над 150 милиони тони пластика. Ова се податоци што предизвикуваат шок, но и страв и загриженост за последиците по екосистемот на кои сме сведоци во последнит

Нема одобрени нови вработувања и унапредувања 

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираат дека со последните две измени на постојниот Закон за инспекциски надзор во декември 2024 и јануари 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина, како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства. Тоа значи дека МЖСПП, согласно процедурата, спогодбено ги презема вработените, движните и недвижни ствари, документацијата, побарувањата и намирувањата на обврските, средствата за работа, како и сите права и обврски кои произлегуваат од склучените договори на инспекциските служби, настанати до денот на влегувањето во сила на овој закон. Со тоа ДИЖС продолжува да работи  без својство на правно лице и буџет од прва линија. Финансиите ќе се водат како посебна Потпрограма во Буџетот на Министерството. 

Нагласуваат дека инспекторите за животна средина и понатаму ја имаат самостојноста во водењето на инспекциските постапки. 

Од ресорното Министерство додаваат дека Државниот инспекторат за животна средина има 27 вработени, од кои 23 се инспектори, а двајца од нив  заминуваат во пензија, како и четворица административни службеници. 

Многу компании моментално ги прилагодуваат своите работни концепти на новите навики на вработените. Многумина претпочитаат да работат „хибридно“ - неколку дена во канцеларија и неколку дена д
-Она што сакам да го нагласам е дека државните инспектори во оваа област согласно регулативата вршат надзор над управните акти кои ги издава МЖСПП, А-ИЕД (А - Интегрирана еколошка дозвола) и Елаборати, односно вршат надзор над спроведувањето на условите во истите. Во однос на вработувањата, Министерството со преземањето на ДИЖС ги презема и неговите планови за вработување и унапредување кои што ќе бидат усогласени со плановите на Министерството. Државниот инспекторат во моментот нема одобрени нови вработувања и унапредувања од страна на Министерството за финансии, информираат за МИА од ресорното Министерство.
  
Потребни се уште 40 државни инспектори 

Од МЖСПП очекуваат позитивен одѕив од надлежните институции во однос на зголемувањето на бројот на инспекторите, со оглед дека проценките укажуваат дека на ниво на државата се потребни приближно 40 државни инспектори по сите основи за да може да се покријат потребите на државно ниво. 
  
- Се уште имаме општини (повеќе од 50 отсто,) во кои нема овластени инспектори за животна средина, иако согласно Законот за инспекциски надзор во животната средина до крајот на 2022 година ја имаа таа обврска. Постои идеја за формирање на единствено тело за инспекција со што ќе се обезбеди подобро и поефикасно функционирање на инспекцискиот надзор и онаму каде што нема доволно капацитети и потребни ресурси. Но, тоа треба допрва да се разгледа и развие од идеја до пракса, наведуваат од МЖСПП.  

Турскиот акционен план и стратегија за борба против ефектите од климатските промени предвидуваат намалување на емисиите на стакленички гасови до 21 процент до 2030 година, изјави претседатело

Минатата година, како што информираат од Министерството за животна средина, биле реализирани повеќе вонредни инспекциски надзори на територија на цела држава на барање на Министерството за внатрешни работи во делот на управувањето со отпад, со цел сузбивање на нелегални дејствија при постапување со него. Контролите биле реализирани во соработка со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и други релевантни институции. 

Согласно Годишниот извештај за работа за 2024 година, Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1 535 инспекциски надзори од кои 1 008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање. 

Магдалена Ристоманов

Фото: Принтскрин и МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан