• петок, 22 ноември 2024

Сабаленка сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот

Сабаленка сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот

Пекинг, 26 септември 2024 (МИА) - Вториот светски рекет во женскиот тенис, Арина Сабаленка проговори за нејзината главна цел до крајот на сезоната.

- Да ја завршам годината како број еден во светот е една од моите цели. Остануваат уште само три турнири, сакам да играм најдобро. На крајот на сезоната ќе видам дали ова е доволно за да ја завршам годината на првото место на ВТА, или треба да направам нешто повеќе за да станам број еден во иднина. Да се ​​биде прогласен за најдобар играч на светот значи многу, изјави Сабаленка за „Tennis World USA“.

Сабаленка ќе учествува на ВТА 1000 турнирот во Пекинг, кој започна на 25 септември, а завршува на 6 октомври.

Оваа сезона 26-годишната Белорусинка освои два Грен слем турнири - Австралија Опен и УС Опен, а го освои и трофејот во Синсинати. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан