• петок, 05 декември 2025

Саар: Израел ќе испрати хуманитарна помош за Друзите во Сирија

Саар: Израел ќе испрати хуманитарна помош за Друзите во Сирија

Тел Авив, 18 јули 2025 (МИА) - Израел ќе испрати хуманитарна помош за Друзите во Сирија, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар.

Ова доаѓа по неколкудневните крвави судири меѓу верските заедници во јужната сириска покраина Свеида и израелските воздушни напади.

-Во светлината на неодамнешните напади врз заедницата Друзи во Свеида и сериозната хуманитарна ситуација во областа, министерот за надворешни работи Гидеон Саар нареди итно испраќање хуманитарна помош до населението Друзи во областа, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Помошта ќе изнесува околу 600.000 долари и ќе вклучува пакети со храна и медицински материјали, додаде министерството. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан