• недела, 22 декември 2024

Сè уште гори грчкиот танкер што минатата седмица беше нападнат во Црвеното море

Сè уште гори грчкиот танкер што минатата седмица беше нападнат во Црвеното море

Атина, 26 август 2024 (МИА) – Грчкиот танкерот „Сунион“ на компанијата „Делта тнакерс“ што минатата седмица беше нападнат во Црвеното Море сè уште гори од 23 август, соопштија утрово од ЕУ операцијата „Аспидес“ (Штитови), јави дописничката на МИА од Атина.

Единицата на европската операција што транзитира низ областа информирала дека има жаришта на најмалку пет локации на главната палуба на бродот, а процените се дека се наоѓаат околу отворите на резервоарите за нафта на бродот, но и дека нема знаци за излевање на нафта.

Додадоа дека бродот останува закотвен на истата точка во меѓународните води.

-Оваа ситуација потенцира дека ваквите напади не претставуваат закана само за слободата на пловидбата, туку и за животот на морнарите, за животната средина, но и за животот на сите граѓани кои живеат во тој регион, истакнаа од ЕУ операцијата преку социјалните мрежи и паралелно објавувајќи фотографии од танкерот.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на информации од Министерството за поморство на Грција, објави дека танкерот пренесувал 150.000 тони сурова нафта од Ирак во грчкиот град Коринт.

Танкерот во средата беше нападнат од Хутите во Црвеното море, а членовите на екипажот, 23 лица од Филипини и двајца руски државјани не беа повредени. ср/

Фото: ЕУ операција „Аспидес“

Остани поврзан