• среда, 20 ноември 2024

Рјабков: Негативно гледаме на плановите на Шведска и на Финска за НАТО

Рјабков: Негативно гледаме на плановите на Шведска и на Финска за НАТО
Москва, 29 јуни 2022 (МИА) - Москва негативно гледа на плановите на Шведска и на Финска да се приклучат во НАТО, изјави денеска заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој истакна дека ширењето на Алијансата е дестабилизирачко и не придонесува за безбедноста на нејзините членки. Според Рјабков, земјите во НАТО, како и Шведска и Финска што сакаат да се придружат, всушност „им поклонуваат дел од својот одбранбен суверенитет на САД“. - Колку ќе биде мирен наредниот период за нашите северноевропски соседи, сериозено се сомневам. На крајот, тие дел од својот надворешнополитички и одбранбен суверенитет им го даваат на Вашингтон и на други таканаречени постари партнери во НАТО, смета Рјабков. Како што тој додаде, во Москва жалат поради „разговори за евроатлантска солидарност, што се користат како параван за агресивни планови на Алијансата во однос на Русија“. бд/сд/

Остани поврзан