• недела, 22 декември 2024

Руте: Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје на Украина да не поставуваат ограничувања за силите на Киев како да го користат

Руте: Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје на Украина да не поставуваат ограничувања за силите на Киев како да го користат

Брисел, 19 ноември 2024 (МИА) - Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за Украина да не поставуваат ограничувања за тоа како силите на Киев можат да го користат, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

„Секој сојузник донесува одлуки за ова прашање независно“, додаде тој.

-Денеска ќе разговараме како Украина може да победи - за тоа се потребни повеќе пари и помош, истакна Руте.

Според него, тоа е уште попотребно по вклучувањето на севернокорејските војници во воените дејствија на руската страна и поддршката за Москва од Кина и Иран.

Според Руте, рускиот претседател Владимир Путин му се оддолжува на Пјонгјанг со обезбедување ракетна технологија, а тоа претставува смртна закана не само за Европа, туку и за Јужна Кореја, Јапонија и САД.

-Треба да го зголемиме военото производство, НАТО и ЕУ тесно соработуваат на ова, два проценти од БДП трошоците за одбрана и одвраќање не се доволни. Плановите на Путин не смеат да успеат, Украина мора да надвладее, сумираше Руте по повод 1.000-годишнината од почетокот на руската воена инвазија на украинска почва.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан